Вучиќ денеска го започнува вториот петгодишен претседателски мандат
Тој ќе положи заклетва пред стариот состав на Собранието, бидејќи се уште не се објавени конечните резултати од парламентарните избори одржани на 3 април 2022 година
Според законот, никој не може да биде избран за претседател на Републиката повеќе од два пати, без разлика колку траеле неговиот прв и втор мандат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе положи заклетва на вонредната седница на Собранието на Србија, со која ќе започне уште еден петгодишен мандат.
Александар Вучиќ по вторпат беше избран за претседател во првиот круг од изборите на 3 април, кога освои 2 224 914 гласови, што е околу 59 отсто.
Тој ќе положи заклетва во 11 часот пред стариот состав на Собранието, бидејќи се уште не се објавени конечните резултати од парламентарните избори одржани на 3 април 2022 година.
Вучиќ заклетвата за својот прв мандат ја положи пред точно пет години, на 31 мај 2017 година, а за прв пат, покрај Уставот, претседателот положи заклетва и на Мирославовото Евангелие, најстариот зачуван кириличен ракопис.
Според законот, никој не може да биде избран за претседател на Републиката повеќе од два пати, без разлика колку траеле неговиот прв и втор мандат.
Мандатот на претседателот на Републиката престанува со истекот на мандатот за кој е избран, а може да заврши и пред тоа време доколку поднесе оставка или биде разрешен.
Текстот е преземен од 360степени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…