Вучиќ денеска на средба со Столтенберг
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
По средбата, Вучиќ и Столтенберг ќе и се обратат на јавноста во 19 часот, објавено е на официјалната веб-страница на НАТО.
„Ја побарав таа средба затоа што, во согласност со резолуцијата 1244, НАТО е одговорен за безбедносната ситуација на Косово и Метохија и мислам дека Јенс е чесна личност и секогаш е отворен да ги слуша и да ги земе предвид српските позиции“, изјави претходно Вучиќ.
Тој додаде дека НАТО мора да стави крај на провокациите од Приштина.
Вучиќ рече дека ќе побара од НАТО да ја исполни својата должност во согласност со резолуцијата 1244 пред да премине на состанокот на Советот за безбедност на ОН (СБ), каде Србија ќе презентира фактички информации за актуелната ситуација на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…