Вучиќ дециден: Косово ќе остане во Србија, иако мислам дека многу ќе страдаме
„Успеавме во многу области од животот, од изградбата на патишта и железници, до болници и клинички центри. Горд сум на фактот што ги зачувавме мирот и стабилноста“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување во емисијата „Четврток во 9“ на првата програма на РТС.
-„Од 2014 година имаме воведување на најтешки мерки. Потоа моравме да одиме на мерки за фискална консолидација, а ги имавме и најлошите поплави, миграции, преку милион луѓе поминаа на нашата територија.
Ни остана најтешкото и најлошото – изјави Вучиќ за ситуацијата на Косово и Метохија.
„Мислам дека Косово ќе биде во Србија и тоа го кажав во Парламентот.
Мислам дека Косово ќе биде во Србија, иако мислам дека многу ќе страдаме“, рече претседателот Вучиќ и додаде дека тројца Срби избегале од лисици на административните премини Јариње и Брњак.
Ги апсат момците кои се најспособни да се спротивстават на нивните акции на северот на Косово и Метохија, за да можат насилно да упаднат и да владеат на тој начин. Западот молчи. Тие сакаат да одржат некои „локални избори“, а единствени кандидати им се партиите на Курти и Тачи. Србите нема да учествуваат на тие избори. Замислете ја таа демократија каде што доаѓаат да ни кажат во Белград дека „нема доволно демократија“, а тука се виновни Србите“, рече Вучиќ.
Тој потсети на изјавата на американскиот претставник во Приштина, Џефри Ховерние, во која ја фали „демократијата во (т.н.) Косово“ и односот на Албанците од Косово и Метохија кон светите објекти.
„Претпоставувам затоа што сите ги запалија и демолираа. Хартијата трпи сè. „Како е можно Западот да го направи сето ова кога Приштина го ослободува Азем Куртај, кој пукаше во српски деца, а го апси Иван Тодосијевиќ за вистината за Рачак“, додаде Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…