Вучиќ: Додик во Србија нема да биде уапсен, секогаш е добредојден
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Милорад Додик нема да биде уапсен на територијата на Србија, велејќи дека претседателот на Република Српска е секогаш добредојден.
Тој одговори на новинарско прашање по седницата на Советот за национална безбедност што ја претседаваше за тоа дали Додик ќе биде уапсен доколку надлежните органи на Босна и Херцеговина издадат потерница по него додека е во Србија.
„Сите надлежни државни органи се должни да ги почитуваат одлуките на Советот за национална безбедност. Милорад Додик е добредојден на територијата на Република Србија, тој е претседател на Република Српска, легитимно и легално избран, а фактот што некои сега го прават херој ме прави малку љубоморен на Милорад, да бидам искрен. Значи, дали ќе руча, ќе појадува или ќе оди да гледа некаков спорт, тоа е негова работа. Тој е секогаш добредојден во Србија“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…