Вучиќ: Допрва ќе следуваат тешки одлуки…

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека утре ќе има многу долги разговори со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Утре ќе имаме разговори во текот на денот и во текот на вечерта. Освен официјалните разговори, и она што го објавуваме јавно, ќе разговараме и приватно и по вечерата за важни прашања за Србија“, изјави тој на ТВ Хепи.

Вучиќ истакна дека ситуацијата била многу комплицирана и тешка, но дека смета дека ја спасил Србија и покрај тоа што и денес никој не може да се чувствува добро, бидејќи тоа е невозможно се додека на Косово се врши терор врз српскиот народ.

Тој посочи дека допрва ќе има многу тешки работи и тешки одлуки, но дека надлежните знаат што им е дозволено, колку време им е дозволено и дека во се е важно државата да оди напред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…