Вучиќ: „Едвај чекам да одам во затвор, нека дојде ФБИ“
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и сите европски безбедносни служби да дојдат и да истражат дали на студентскиот протест во Белград минатата година бил употребен звучен топ.
Вучиќ повтори дека тврдењата за употреба на звучен топ се лага и рече дека шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) „веќе потпишал дека тоа не се случило“.
„Вие ни кажувате кого да повикаме од сериозните служби – нема проблем. Кој и да дојде, ќе ви каже дека тоа не се случило. И не можете да измислувате дека е употребено, кога не било“, им порача Вучиќ на новинарите.
Тој, исто така, повтори дека неговите политички противници знаат дека на протестот на 15 март минатата година не бил употребен звучен топ.
„Фактот што зборуваат за наше апсење само значи дека немаат план и идеја. Едвај чекам да одам во затвор за ова бидејќи тоа е најобична лага и сите луѓе од безбедносниот сектор знаат дека тоа не се случило“, нагласи српскиот претседател.
Тој исто така изјави дека неговите противници го напаѓаат затоа што не можат да му кажат дека не направил многу во областите на економијата, инфраструктурата, стадионите, театрите и медицинските установи.
„И затоа тие шират омраза преку своите платформи, каде што ја засилуваат и множат, а потоа некои луѓе мислат дека е вистина“, тврди Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: „Едвај чекам да одам во затвор,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика…
Предложен притвор за семејно насилство во тетовско
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и…
Кој е Енди Барнам, човекот кој би…
Кир Стармер денес поднесе оставка од функцијата…
Тешка несреќа кај Бигорскиот манастир – МВР…
Германски државјанин се здобил со тешки телесни…
Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници…
Седум лица, меѓу кои и двајца малолетници…