Објавено на:

Вучиќ за воведување санкции кон Русија: Србија е под огромен притисок

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи.

Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци.

– Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да видат колку државата се бори да зачува се што можеме од животниот стандард, кажа тој и додаде дека повеќе ќе зборува за воведувањето санкции против Русија на 6 мај.

На прашањето на ТВ Н1, тој повтори дека неговиот разговор со сенаторот Марфи нема врска со санкции кон Русија.

– Се работеше за еден конкретен и посебен проект. Не ми паѓа на памет да се правдам. Сметам дека би биле најсреќни доколку воведам санкции денес. Морални проповеди ми давате затоа што не сум изрекол санкции и што ќе ги воведам за два месеци. Замислете, уште два месеци. Па 120 дена да издржиме, една толку мала земја. Два месеци се далеку… Но тоа се однесуваше на нешто друго, тврди Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…