Вучиќ за оставката: Да, ако има потреба на државата да и се купи време, но тоа не е овој момент!
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва, по повод најавата за можноста да поднесе оставка од таа функција, изјави дека неговиот мандат како шеф на државата секако му е последен и дека тој знае која е неговата должност.
Ако има потреба да се зачува државата на кој било начин и да се купи некое време, не би се двоумел, не сега не е тој момент. Но немам проблем со тоа, иако некои не веруваат и велат дека на Вучиќ моќта му е сè, рече српскиот претседател и додаде дека е „војник на државата“.
Како што изјави, не верува дека која било личност е „премногу важна за една земја“.
Вучиќ додаде дека повеќе го загрижува ширењето на војната од Русија и Украина на други територии и дека во сè потешка ситуација, барањата што се поставуваат кон Србија само ќе станат посилни и појаки.
Тој повтори дека ЕУ е најголемиот инвеститор во Србија и најголемиот донатор.
Со Европската Унија ќе добиеме грант од 600 милиони за пругата Белград-Ниш, која за два часа ќе не носи од Белград до Ниш, рече Вучиќ.
Тој додаде дека побарал поддршка и помош и од ЕУ, но нагласи дека „за тоа ќе видиме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…