Вучиќ: За 3-4 месеци ќе има избори во Србија, можеби и двојни
Александар Вучиќ, претседателот на Србија зборуваше за најавеното заминување од функцијата. Тој истакна задоволство од сработеното, но во исто време рече дека чувствува и страв, и надеж за иднината на државата.
„Делумно сум задоволен од она што е направено. Истовремено чувствувам и страв и надеж за иднината на земјата“, рече тој.
Потсети дека во минатите девет години за неговото владеење прво како премиер, а потоа и како претседател, Србија се соочила со сериозни предизвици.
Исто така најави дека е можно да се кандидира повторно за премиер на земјата.
„Планирам да поднесам оставка, ќе ве известам за тоа, нема да има изненадување за никого“, рече Вучиќ и призна дека веќе почнал да ги пакува книгите од претседателската резиденција.
Според неговите најави, по заминувањето од претседателската функција можно е да се кандидира за премиер на Србија. Тој потврди дека секојдневно размислува за таква можност, што во српската јавност се толкува како обид да го задржи политичкото влијание и по истекот на вториот претседателски мандат. Вучиќ најави дека е можно да има и претседателски и парламентарни избори во исто време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…