Објавено на:

Вучиќ: Знаат дека не ѝ можат ништо на Русија, па ајде сега да се изживуваме врз малата Србија

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, своето незадоволство од откажаната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавно го истакна во интервјуто дадено за националната телевизија на неговата земја (РТС).

Погледнете ги сите од нашето опкружување, нивните медиуми и политичарите. Во Србија ни пристигнаа повеќе медиуми од не знам кога претходно, чекајќи да нападнат и да ја оцрнат Србија. А што тоа Србија лошо направила? На кого тоа нешто лошо му направивме или нашето одбивање да бидеме дел од глутницата на некого му предузвика главоболка? Тие знаат дека не ѝ можат ништо на Русија и тоа не ги загрижува, па ајде сега да се изживуваме врз малата Србија, од Карл Билт до Хрватска, посочи Вучиќ.

Тој посочи дека со Лавров имал да разговара на многу теми.

Како на Србите да им кажете дека Русија нема да биде наш пријател? Ние сакаме да разговараме на голем број на теми, сакав да го прашам Лавров кога ќе го добиеме противпожарниот хеликоптер, за побрзо да ги гаснеме пожарите во целиот регион, додаде тој.

Вучиќ истакна и дека се радува на најавената посета на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој наредната недела ќе допатува во Белград.

Имам многу лошо чувство за приликите во светот, но наше е да се бориме и да ја зачуваме нашата земја и да живееме нормално, колку тоа го дозволуваат приликите, а не само да преживуваме, заклучи српскиот претседател.

Посетата на Лавров на Белград, беше откажана откако Македонија, Црна Гора и Бугарија не издадоа дозвола за прелет за авионот на рускиот министер, преку нивна територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…