Вучиќ: Избори можеби и пред 2 март
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Ниш изјави дека го прочитал писмото од опозициските партии, според кое изборите треба да се одржат најдоцна до 2 март и посочи дека одговор ќе добијат до крајот на месецот, како и дека изборите може да се одржат пред 2 март.
„Го прочитав писмото од партиите од поранешниот режим, ги има 95 отсто од поранешниот режим. Тие велат дека изборите мора да се распишат до крајот на декември, што значи дека би се одржале најдоцна, според за нив затоа што се богови, до 2 март. Добро, но ќе видам, можеби ќе биде пред тоа. До крајот на месецот ќе добијат одговор“, рече Вучиќ во Ниш на новинарско прашање дали го прочитал писмото на опозицијата и што мисли зошто опозицијата се плаши од зголемување на цензусот, од три на пет проценти.
Тој рече дека претставниците на опозицијата „можеле веднаш наместо да лажат четири месеци да кажат дека се против избори и се закануваат дека ќе го тепаат, обесат, запалат на клада, дека ќе плови по Дунав ако ги распише.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…
Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…