Вучиќ: Имав „конструктивна и многу фер средба“ со Лајчак
– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, посочи дека е неопходно формирање на Заедница на српски општини и побара итно одржување локални избори во северниот дел на Косово.
Вучиќ на Инстаграм објави дека имал „конструктивна и многу фер средба“ со Лајчак.
– Јас укажав на неопходноста од формирање на Заедницата на српските општини, најитно одржување на локални избори на северот на Косово и Метохија и побарав поддршка од ЕУ за запирање на натамошните провокации кои доаѓаат од Приштина, посочи Вучиќ.
Тој додаде дека Србија е подготвена да ги исполни своите обврски, во согласност со меѓународните правни договори, притоа почитувајќи ги Уставот на Србија и Повелбата на Обединети нации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Пожарот кај Никуштак е вон контрола,…
Состојбата со пожарите во Македонија и натаму…
Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…
По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…