Вучиќ: Испаднав најглупавиот претседател на светот

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше во ТВ Пинк каде коментираше за актуелните општествени и политички теми. Тој прво се осврна на одлуката да се откаже од ископувањето на литиум. Рече дека се покажал како најглупавиот претседател на светот затоа што попуштил под притисокот на јавноста.

Тој ги коментираше и протестите на еколошките активисти пред зградата на Владата на Србија.

„Не разбирам зошто протестираа пред Влада, кога протестираат тоа треба да го направат пред Претседателството, а јас ќе им се обратам и убаво ќе им кажам – луѓе, вие ја уништувате државата“, рече Вучиќ. Тој ги обвини лидерите на протестите дека добиваат пари.

„Мислам дека подобро од вас знам што е добро за Србија. Некои луѓе не веруваат затоа што верувале во теории на заговор, тие се добри и чесни луѓе. А други не веруваат затоа што добиле пари за тоа“, додаде тој.

Тој рече дека делот од земјата што бил наменет за рударство, вклучително и западниот дел околу Лозница, е најнеразвиениот дел од земјата, па особено ќе профитира од петте милијарди евра што би му се трупале како резултат на литиумот.

Цената денес е 82.500 долари за тон литиум, со овие резерви е 100 милијарди. Дали разбирате што правите на Јадра, Осечина, Ваљево и на цело Подриње?“, заклучи Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Двајца прилепчани биле затекнати…

На 05.04.2024 во 02.30 часот во Прилеп,…

Шефот на полицијата утрово открива: Данка се…

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле…

ЕВИДЕНТИРАЛЕ ТУРЦИ КОИ ВООПШТО НЕ МИНАЛЕ ГРАНИЦА:…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше…

ЗНАМ И ДИМИТРИЕВСКИ НАЈАВИЈА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ…

Денеска пред споменикот "Македониум" во Крушево ја…

Нетанјаху: Ќе им возвратиме на сите кои…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел…