Објавено на:

Вучиќ и Курти на иста маса, српскиот претседател се надева на некакво решение

t

Средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во рамките на дијалогот Белград-Приштина започна во Брисел околу 10:30 часот, чиј домаќин е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, а на кој присуствува и специјалниот пратеник за дијалог, Мирослав Лајчак.

Пред почетокот на средбата Вучиќ и Курти одвоено се сретнаа со Борел и Лајчак.

„Неодамнешните тензии на северот на Косово уште еднаш покажаа дека е време да се оди напред кон целосна нормализација. Очекувам и двајцата лидери да бидат отворени и флексибилни за да најдат заеднички јазик“, напиша Борел на Твитер.

Во исто време, Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил напиша дека се надева на „некакво решение“.

„Почеток на разговорот за суштинските проблеми на Косово и Метохија. Се надевам на какво-такво решение, иако воопшто не верувам во тоа“, изјави Вучиќ, пренесе „Н1“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…