Вучиќ: Мораме да се бориме за нашата земја, никој друг нема да се бори во наше име
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за време на граѓанскиот марш против блокадите на Вождовац во Белград изјави дека „сите мора да се вклучиме и да се бориме за нашата земја“, со цел да се спречи обидот за уништување на Србија.
„Мораме да се бориме за нашата земја, никој друг нема да се бори во наше име, бидејќи ништо не се случува само по себе. Кога имаме проблем, тогаш сите мора да се вклучиме и да се бориме за нашата земја, за да можеме да имаме повисоки плати и пензии, за да можеме да живееме подобро и да го спречиме обидот за уништување и понатамошно влошување на Србија“, нагласи Вучиќ, видно расположен во опкружиувањето меѓу „своите“ граѓани.
Тој додаде дека е среќен што ја поминал вечерта со прекрасни луѓе на маршот против блокадите.
Вучиќ изјави дека, како што рече од тука, за неколку минути ќе замине во посета на Јапонија, и дека е среќен што расте антиблокадерската приказна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…