Вучиќ најави зајакнување на границата со Македонија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во посета на Унгарија, и се сретна со претседателката Каталин – Новик на ГП Келебија-Томпа каде што ги посети привремените гранички бариери.
Претседателот на Србија најави зајакнување на границата со Македонија поради напливот на мигранти.
Благодарен сум на нашите пријатели од Унгарија што почнавме да разговараме за овие проблеми со мигрантите и да ги решаваме заеднички. Во Србија тргнавме со укинување на слободните визи за поедини земји откако увидовме на голем број мигранти од Тунис, Бурунди, Гвинеја Бисао, и Индија, како што бара ЕУ – рече Вучиќ.
Тој додаде дека ќе бидат превземени и други мерки, а тоа е зајакнување на границите кон Македонија, а потоа и кон Бугарија.
Оваа година имаме четири пати зголемен број на мигранти од територијата на Македонија, и 3,6 пати зголемен прилив од Бугарија. Само од Македонија спречивме 45.965 илегални влезови, во Унгарија таа бројка е 261.000 – рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…