Вучиќ најави оставка, ќе се спрема за премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека по враќањето од Соединетите Американски Држави ќе поднесе оставка од претседателската функција. Најавата доаѓа само два дена откако го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври, а Главниот одбор на СНС го избра за носител на листата „Обединета Србија“ и кандидат за премиер.
„Веднаш по враќањето од Њујорк ќе поднесам оставка. Тоа ќе биде на 25 или 26 септември, тоа е тоа“, изјави Вучиќ одговарајќи на прашање на Н1 на конференција за медиумите.
Неговата најава доаѓа во момент кога Србија влегува во кампања за предвремени парламентарни избори. Вучиќ на предлог на Владата пред два дена го распушти Народното собрание и изборите ги распиша за 25 октомври.
Во меѓувреме, Главниот одбор на Српската напредна странка го предложи за носител на изборната листа „Обединета Србија“ и кандидат за премиер. Вучиќ на конференцијата најави и зголемување на платите и пензиите од 1 декември, како и исплата на парична помош за граѓаните.
На прашањето дали настапува како претседател на државата или во рамките на предизборната кампања, тој ја отфрли тврдењето дека станува збор за нови предизборни ветувања.
„Овде нема никакви ветувања, ова е она што се случува уште од утре. Јас тоа го најавував“, рече тој.
Додаде дека до надлежната Агенција ги пријавил своите активности по распишувањето на изборите, вклучително и прес-конференцијата и претходно планираната воена вежба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ најави оставка, ќе се спрема за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека по…
Собраниската комисија даде „зелено светло“ за Законот…
Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна…
Тетовка си го претепала четиригодишното дете: Ќе…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(38)…
Во Шуто Оризари изгореле над 20 дуќани…
Над 20 дуќани биле опожарени во пожар…
Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на…
Италијанската влада донесе декрет со кој предвидува…