Вучиќ на средба со командантот на здружените сили на НАТО за влошувањето на состојбата на Косово

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград имаше разговори со командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмирал Стјуарт Манча во кои изразил сериозна загриженост за драстичното влошување на и онака тешката состојба на српската заедница на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ порача дека Србија очекува КФОР да одржи неутрална позиција и да дејствува проактивно за да спречи какво било нарушување на безбедносната ситуација на теренот.

Тој на својот Инстаграм профил соопшти дека имал „добар и отворен разговор“ со адмиралот Манча, во кој размениле мислења за актуелната безбедносна ситуација во регионите на Западен Балкан и Блискиот Исток.

– Изразив сериозна загриженост поради драстичното влошување на и онака тешката состојба на српската заедница на Косово и Метохија и повторив дека Србија го поддржува ангажманот на КФОР во строго, целосно и непристрасно спроведување на мандатот врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и дека очекуваме КФОР да задржи статусно неутрална позиција и проактивно да дејствува за да спречи какво било нарушување на безбедносната ситуација на терен, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…