Објавено на:

Вучиќ на средба со сенатори: Србија е решена да развива поблиска соработка со САД

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги прими американските сенатори Крис Марфи и Гери Питерс и во разговорот истакна дека Србија е решена да развива поблиска соработка со САД во сите области од заеднички интерес.

Сенаторите изразија сочувство за неодамнешните трагични настани во Србија, а со оглед на иницијативата за контрола на оружјето на сенаторот Марфи по масовното пукање во училиште во сојузната држава Конектикат, разменија мислења за мерките што ги преземаа српските власти.

Дел од разговорот беше посветен на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а претседателот Вучиќ посочи дека сега приоритет е формирањето на Заедницата на српските општини, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.

Претседателот на Србија особено нагласи дека Белград од самиот почеток покажа сериозност и одговорност во процесот на дијалог и покрај постојаните провокации и бројните еднострани потези на Приштина, кои го попречуваат изнаоѓањето на компромисно и одржливо решение.

Зборувајќи за актуелната геополитичка и безбедносна ситуација во светот, Вучиќ повтори дека Србија останува посветена на конзистентна политика на заштита на националните и државните интереси, како и почитување на принципите на територијален интегритет и суверенитет на државите.

Претседателот истакна дека од клучен интерес за Србија е да ја зачува стабилноста во регионот, позитивна агенда и зајакнување на регионалната соработка во сите области, особено во делот на економијата, при што Србија преку иницијативи како што е Отворен Балкан, доследно и упорно промовира политика ориентирана кон иднината, фокусирајќи се на заемно корисна соработка, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…