Вучиќ: Неговата изјава е опасна, таа е закана за српскиот народ
Во изјавата од Азербејџан за ТВ Пинк, Вучиќ се осврна на изјавата на Роде дека барикадите во Косово треба да бидат отстранети до Божиќ.
„Неговата изјава е опасна, таа е закана за српскиот народ“, рече Вучиќ, а пренесува „N1“. Тој праша и зошто Приштина ги споменува жртвите и колку Срби ќе убијат, а го спомена и косовскиот премиер Албин Курти, за кого исто така рече дека се заканува.
„Германија сака целосна доминација на Балканот“, тврди Вучиќ и додаде дека „отсекогаш знаел дека некој го турка Курти во неговиот дисбаланс“. Тој изјави и дека српската војска е десет до петнаесет пати посилна од пред десет години и дека во Баку ќе разговара за воена соработка.
„Секако дека ни треба силна војска, инаку би не голтале како мачка глушец“, рекол Вучиќ, а потоа се насочил кон Турција. На односите со нив, вели тој, ќе влијае тоа што тие ја вооружуваат Приштина, мислејќи на беспилотни летала.
Вучиќ вели дека за кризата на северот на Косово, како врховен командант на српските вооружени сили, ќе носи одлуки во согласност со интересите на својот народ.
„Подобро да зборуваме илјада дена отколку да одиме во војна еден ден“, рече Вучиќ.
Тој, исто така, рече дека некои мислат дека е вистинско време да се изврши целосен притисок врз Србија.
Вучиќ изјави дека довербата на Србија во Западот повеќе не постои по изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Минските договори се направени само за да се купи време за Киев, како и изјавата на функционерот кој во лице му рекол дека Западот нема да почитува никаков договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
94 функционери казнети со по 300 евра…
Државната комисија за спречување на корупцијата на…
Португалија забрани носење бурка на јавни места,…
Португалија донесе закон со кој се забранува…
ВМРО-ДПМНЕ: Човекот кому му се запали модуларна…
Филипче се врати од Паљури, откако фатил…
Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода…
Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани…
Тошковски: Паметни камери на граничните премини ќе…
Паметни камери кои ги читаат регистарските таблички…