Вучиќ: Недвосмислено го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал добар и отворен разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот.
-Ги разгледавме настаните во Украина и Косово и Метохија и уште еднаш нагласив дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Вучиќ во понеделникот, во пресрет на неформалната вечера за лидерите на Западен Балкан и европските претставници, што ја организираше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, изјави дека украинскиот претседател побарал билатерални разговори и дека тој приватно ќе разговара со Зеленски „за сè што се случуваше низ Косово и Метохија, околу признавањето и непризнавањето на територијалниот интегритет на двете и сите други прашања“.
На неформалната вечера на лидерите на Западен Балкан и европски претставници беше договорена Декларација со која се дава поддршка на Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, но исто така е нагласено дека е важно да се заокружи визијата на Европската унија, која би вклучуваат Западен Балкан, Украина и Молдавија.
Како што дознава Спутник, поради противењето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одредбата за повикот за санкции против Русија не била усвоена во завршната Декларација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…