ВУЧИЌ НЕМА ДА ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО! Американски аналитичар ја проценува политичката ситуација во Србија
Американскиот аналитичар и предавач на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер кој важи за голем албански лобист и промотор на независноста на Косово, во интервју за Н1 изјави дека Александар Вучиќ нема да го признае Косово како независна држава.
– Ако утре претседателот Вучиќ рече „утре ќе ги нормализирам односите со Косово бидејќи тоа е добро за Србија и Србите на Косово“, „сега ќе се извинам за тоа што режимот на Милошевиќ го направи на Косово за време на војната“, „ќе воспоставам добрососедски односи со Косово затоа што тоа од нас се бара за да влеземе во ЕУ“, може, но нема да го направи. Нема затоа што се обврза на поинаква политика и едноставно не сака да го направи тоа – изјави Сервер.
Европската унија и американската администрација внимателно се обидуваат да ја игнорираат измамата на изборите за Белград, посочува Сервер.
– Тие не ги критикуваат премногу изборите во Србија, кои не беа фер, и се обидуваат да го игнорираат тоа – смета американскиот аналитичар.
Говорејќи за постизборната криза во Србија, Сервер во емисијата „Зад вестите“ на Н1 рече дека меѓународните набљудувачи заклучиле дека изборните резултати во Србија не одговараат на изборната волја на гласачите.
На прашањето дали мисли дека тоа ќе ја наруши политичката позиција на Вучиќ, Сервер вели дека се сомнева во тоа.
– Актуелните процеси во Србија и она што се случува е дека Европската Унија, Европската Комисијата и американската администрација, внимателно се обидуваат да игнорираат фалсификат на изборите – вели Сервер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 24 часа уапсени 11 возачи, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на целата…
Крај на долгите редици на патарините во…
Хрватска воведува голема промена во наплатата на…
Првите километри од автопатот Прилеп-Битола се очекуваат…
Во текот на изминатото деноноќие, на целата…
Федоров планира да отпатува во САД за…
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…
ПЕТ-скенот е повторно ставен во функција со…
Единствениот ПЕТ-скен во јавното здравство во земјава…