Вучиќ: Нема да го скратам мандатот, туку ќе поднесам оставка
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека нема да го скрати својот мандат, туку ќе поднесе оставка од функцијата претседател, бидејќи тоа го вели Уставот.
„Јас не сум некој што сака да седи во фотелја како некои други и не го скратувам својот мандат. Јас, чесен човек, ќе поднесам оставка бидејќи тоа го вели Уставот. А потоа ќе одиме, ќе видиме дали ќе одиме на парламентарни избори, а за 90 дена на претседателски избори. Нема голема филозофија“, изјави Вучиќ за медиумите во обраќање од Кина.
Тој додаде дека понатамошните услови се познати, објаснувајќи дека изборите мора да се одржат во рок од 90 дена, а функцијата и овластувањата на претседателот ги презема претседателот на Народното собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…