Вучиќ: Нема да дозволам да ја украдат волјата на народот

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека не се плаши од заканите што му ги упатуваат претставниците на опозицијата и дека никогаш нема да се сокрие бидејќи, како што рече, е избран од народот.

Вучиќ ова го кажа коментирајќи ја изјавата на Здравко Понош, кандидат од листата „Србија против насилството“ дека на „Вучиќ не му останува уште многу и ќе заврши во бездна“.

Тој рече дека тоа го слуша секој ден и дека ги разбира и дека не му е јасно со што му се закануваат.

Вучиќ додаде дека проблемот на претставниците на опозицијата е што не се плаши од нивните закани.

Ниту 207 часа брутални напади и невистини на телевизија. Од РТС, Н1 до Нова С. Нема проблем. Ниту лаги за моето семејство. Тоа зборува за нив, не за мене, изјави Вучиќ.

Тој вечерва нагласи дека нема да дозволи опозицијата да ја украде волјата на народот и посочи дека нема ништо поважно од тоа.

„Ако ја украдат волјата на народот, нема да им дозволиме. Нема ништо поважно. Волјата на народот е света. Vox populi, vox dei. Гласот на народот е гласот на Бога. Ние не им даваме да крадат“, изјави Вучиќ.

Додаде дека сите знаат се и дека шефот на Мисијата на ОДИХР бил однапред информиран дека опозицијата собрана околу листата „Србија против насилството“ „ќе создаде хаос и нема да ги признае изборните резултати“.

„Сите тие и многу амбасадори во Белград го знаеја тоа. Имаме докази за сето тоа“, рече Вучиќ, додавајќи дека доколку е потребно ќе ги презентира.

Вучиќ оцени дека има бројни контрадикторности во изјавите на лидерот на опозицијата за обидот за насилна инвазија на Стариот дворец и оцени дека оние кои ги повикувале луѓето на насилство неодговорно си поиграле со нечиј живот само за да дојдат до фотелји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка

Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…

Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…

Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…

По изборната победа во Србија, студентското движење…

Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…