Вучиќ: Нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат мирни
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изрази задоволство од отвореноста, конструктивниот пристап и искреноста на руската делегација во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС). Тој потенцираше дека нема да има оскудица на нафта и нафтени деривати, ниту пак ќе се соочиме со енергетска криза.
Вучиќ соопшти дека остварил отворен и искрен разговор со претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Александар Дјуков, како и со заменик-министерот за енергетика на Русија, Павел Сорокин.
“Нашите руски пријатели ја разбраа нашата порака. Разбравме кои се нивните интереси. Ќе направиме сè што е во најдобар стратешки и тактички интерес на Република Србија,” изјави Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.
Тој ги повика граѓаните “да бидат смирени” и додаде дека државата е тука да се бори за граѓаните, во нивно име и на нивна сметка. “Не е лесно време и не е мал товар пред нас, но она што можам да им го кажам на граѓаните на Србија – нема да има недостиг од нафта, нафтени деривати, ниту пак некоја поголема енергетска криза во Србија,” рече Вучиќ по разговорот со Дјуков за ситуацијата откако НИС беше погодена од американските санкции поради мнозинската руска сопственост во таа компанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕСМ конечно е во добивка од 449…
АД ЕСМ ја заврши првата половина од…
Цената на златото падна под 3.500 долари…
Цените на златото денеска се стабилизираа, откако…
Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…
Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…