Вучиќ: Нема да има шарена револуција во Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Србија нема да има обоена револуција и дека промена на власта е можна само преку избори.

Тој во Кикинда за време на неговата посета на северниот и централниот банатски округ во Војводина рече дека во претходните денови и месеци „добил најголема поддршка од обичните луѓе“.

Во екот на протестите на кои се бара политичка и кривична одговорност за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, Вучиќ отиде во обиколка на регионот на Србија каде што им се обрати на граѓаните.

Терминот „обоена револуција“ во неколку наврати е употребен од страна на највисоките функционери на Србија, тврдејќи дека нивниот обид е на дело во земјата со инструкции од западните земји.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм објави дека во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон информирал за политичката ситуација и протестите што се случуваат во Србија, порачувајќи дека смета оти дијалогот е единствениот излез од политичката криза.

Елисејската палата соопшти дека во телефонскиот разговор со Вучиќ, францускиот претседател Емануел Макрон изразил уверување дека Србија „ќе најде начин да постигне дијалог“ во кој „ќе се почитуваат чувствата на сите и кој ќе овозможи зајакнување на довербата во институциите и напредок на Србија на нејзиниот европски пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…

Министерот за надворешни работи на БиХ го…

Министерот за надворешни работи на Босна и…