Објавено на:

Вучиќ: Не сакам Зеленски да ги повтори моите грешки

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека имал многу пристоен разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пишува „Танјуг“.

Тој додаде дека изјавите на известувачот на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, за таа средба и наводната дискусија за оружјето, се доказ за нејзината омраза кон Србија, кон независната, слободарска и независна политика која земјата ја води.

„Разговарав со Зеленски за сè, вклучително и за ситуацијата на бојното поле и за патот кон ЕУ, и разменивме искуства за Косово и територијалниот интегритет на Украина и се што не засега. Имав многу пристоен и коректен разговор со Зеленски“, рече Вучиќ по предавањето на клучевите од 250-те станови за бегалци и раселени лица од БиХ и Хрватска, и на прашањето дали разговарал за оружје со Зеленски и во врска со тврдењето на Виола фон Крамон дека го уценувал Зеленски да не го признае Косово и дека тој би му дал оружје за возврат.

Вучиќ рече дека Фон Крамон е позната пријателка на нашите опозициски шампиони, за кого најважно е само кога Украина ќе го признае Косово.

Претседателот оцени дека разговорот бил пристоен, но дека жали што не ја спомнал Фон Крамон и дека тоа ќе го направи следниот пат, бидејќи не сака Зеленски да ги повтори неговите грешки.

„Ќе му кажам, кога ќе дојдат таквите кај него – кога ќе мора да ги прими, прво ќе му солат памет за корупција, ќе држат проповеди и предавања, а потоа прво ќе му побараат суровини. Кога ќе ги побараат нивните права врз суровините, а во исто време водат акции против вас дека тие можат да користат суровини, а вие не можете, да ги исфрли.Тоа ќе биде мојот совет до него. Бев глупав што не го направив тоа на време“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…