Објавено на:

Вучиќ: Не смееме и нема да ги заборавиме страдањата на Србите

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија не смее и нема да ги заборави злосторствата на Независната држава Хрватска (НДХ), која е формирана на денешен ден во 1941 година.

„Денеска се навршуваат 83 години од формирањето на криминалното нацистичко создавање на Независна држава Хрватска. Српскиот народ претрпе многу, а Јасеновац, Јадовно, Пребиловци станаа синоним за монструозно убивање и сатиризирање на еден народ. Не смееме и нема да заборави“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.

НДХ беше самопрогласена и делумно призната фашистичка марионетска држава, основана на дел од окупираното Кралство Југославија, кое постоеше под водство на усташкиот режим од 1941 до 1945 година со помош на Хитлерова Германија.
НДХ е забележана во историјата по бројните воени злосторства и геноцид извршени од членови на режимот врз Србите, Евреите и Ромите, како и Хрватите дисиденти, главно комунисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот…

Градот Скопје го реконструира вандализираното спомен-обележје на…

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип –…

Во Институтот за јавно здравје, кој е…

Викендов преминуваме на зимско сметање на времето,…

Во недела, на 25 октомври, започнува зимското…

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на разговори…

Рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург…

Управниот одбор на „Лотарија“ не донел одлука…

Поранешниот член на Управниот одбор на „Државна…