Вучиќ: Никогаш немало поголем притисок од разни странски служби
Претседателот Александар Вучиќ денеска во Безбедносно-информативната агенција (БИА), која го прославува својот Ден и 22 години работа, изјави дека никогаш немало поголем внатрешен притисок од различни надворешни служби кои сакаат да го пренасочат патот на Србија и нагласи дека „српскиот пат“ е единствениот добар пат.
Вучиќ во својот говор рече дека никогаш не почувствувал толку голем притисок.
„Бидејќи сите играчи на различните служби, западни и источни, се под притисок да ги постигнат резултатите што ги бараат странските служби. Речиси е невозможно да го издржам тој притисок. Тоа е на секојдневно ниво на моите колеги и пријатели, и од едната и од другата страна . Сакаат да го свртат патот на Србија некаде на друго место или како што сметаат дека е во вистинската насока, а таа вистинска насока е или овде или таму, а не она што го зацртавме со поддршка на народот, кој е српската насока“, нагласи Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…