Вучиќ: Одиме кон воен сојуз со Унгарија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата со унгарскиот министер за одбрана Кшиштоф Шалај-Бобровнички изјави дека Србија има најразвиена и најинтензивна одбранбена соработка со Унгарија во регионот и изрази уверување дека договорот за заеднички активности ќе продолжи во натамошното зближување и создавање на воен сојуз или алијанса меѓу Србија и Унгарија.
„Се разбира, за тоа се прашува унгарската страна, за тоа се прашуваат унгарскиот и српскиот парламент“, рече Вучиќ на заедничката конференција.
Тој рече дека денеска е потпишан документ со кој се операционализира и прецизира договорот за стратешка соработка во областа на одбраната постигнат во 2023 година. „Областа на одбраната е еден од најважните аспекти на нашата сеопфатна стратешка соработка, Србија, според бројот и важноста на заедничките активности, има најразвиена и најинтензивна соработка на полето на одбраната со Унгарија“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека клучните елементи на овие односи се воено-воената соработка, што се рефлектира преку спроведување на билатерални и мултинационални вежби, како и воено-техничката соработка во областите на набавка на системи и оружје.
Документот што денеска го потпишаа двајцата министри го операционализира и конкретизира договорот за стратешка соработка во областа на одбраната постигнат во 2023 година.
„Договоривме најголем број активности за оваа година. „Досега 79, речиси двојно повеќе отколку во 2023 година кога имавме 48, а тоа што го договоривме со нашите унгарски пријатели е од огромно значење за нас“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…