Вучиќ од Брисел: Тешко се разговара со оние, кои одамна решиле да го признаат Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел се сретна со европските претставници.
Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти денеска разговараа, но не меѓу себе, туку на одвоени средби со европските претставници.
Покрај претставниците на ЕУ, Вучиќ и Курти разговарале и со таканаречената голема тројка – лидерите на Франција, Германија и Италија. Денеска нешто по 15 часот заврши првата средба на претседателот Вучиќ со европските претставници во Брисел.
На состаноците зборувавме за сите клучни теми, а Србија јасно кажа дека сака да ги спроведе сите договори што се потпишани. Секогаш сме нагласувале само едно, тоа што го повторуваме 10 години, а тоа е дека Србија не може да го прифати членството на Косово во ОН, ниту независноста на Косово – рече Вучиќ.
Како што рече, „хартијата што ја добивме на 21 октомври е добра основа за продолжување на преговорите“.
Изразивме резерви за членството на Косово и Метохија во ОН. Подготвени сме за формирање на ЗСО, согласно предлозите што ги добивме, но ми се чини дека денес на сите им е јасно, без разлика на сите трикови, дека не станува збор за потпишување, туку за спроведување на потпишаното и договореното во меѓувреме – рече Вучиќ и додаде дека е неопходно да се постигне напредок, а на сите во Европа ќе им биде јасно кој го кочи напредокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…
Екс командант на ОВК со директна закана:…
Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати…