Вучиќ: Пак ќе кукам, ќе бидам драма кралица, дебил, морон и будала но ништо нема да ѝ недостига на Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Обединетите Арапски Емирати порача дека следната есен и зима ќе донесат нов недостиг на енергенси и тешка ситуација, но дека на Србија ништо нема да ѝ недостига. Како што рече, тој повторно ќе кука, ќе биде морон, , кралица на драмата, но дека земјата ќе се снајде во нова криза.

Од ОАЕ, каде што присуствува на саемот за оружје, Вучиќ рече дека платата во одбранбената индустрија ќе се зголеми бидејќи пазарот е неверојатен „бидејќи сите сакаат да војуваат и сите се подготвуваат за војна“, па можеме да продадеме се што се произведува.

Претседателот предвидува дека цела Европа наесен ќе се соочи со недостиг од лекови и дека енергетската состојба ќе биде лоша, но дека ништо нема да недостасува во Србија.

„Повторно ќе се снајдеме. Пак ќе кукам, ќе бидам драма кралица, дебил, морон и будала, но ништо нема да тргне наопаку во Србија. И луѓето треба да го знаат тоа“, рече Вучиќ.

Како што заклучи, мораме да се снаоѓаме и да се бориме за нашата земја и да бидеме посилни бидејќи сите околу нас стануваат посилни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…