Вучиќ: Парична помош од 100 евра за сите млади од 16 до 29 години

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на годишната конференција најави парична помош за сите млади на возраст од 16 до 29 години, објави српскиот медиум „Нова“.

– За сите лица на возраст од 16 до 29 години подготвивме мерка која брзо ќе се спроведе, рече Вучиќ.

Затоа, додаде, сите млади кои имаат лична карта на лице кое до 2022 година ќе наполни 29 години, ќе имаат право да аплицираат за парична сума до 100 евра.

– Пријавувањето започнува на 15 јануари и ќе трае до 30 јануари, доволно е само да се регистрирате и да оставите сметка во банка, а парите ќе бидат префрлени околу 1 февруари, додаде српскиот претседател.

Вучиќ потсети дека здравствените работници околу 15 јануари ќе добијат еднократна помош од 10 000 динари, а на пензионерите на 10 февруари ќе им биде исплатена помош од 20 000 динари.

– Тоа е голема помош за околу 2,9 милиони луѓе, нагласи Вучиќ.

Претседателот Вучиќ најави и дека од 1 јануари, наместо досегашните 100 000, од ​​државата Србија за прво дете ќе се исплаќаат 300 000 динари еднократна помош. Исто така, ќе бидат одвоени и 100 000 динари за второ дете, а за првпат и за трето дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Србија не го менува ставот по…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави…

Се пребаруваат гробиштата во Злот: Еве каде…

Додека цела Србија се прашува каде е…

Вучиќ најави нови инвестиции од француски компании…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Осомничените за убиството на Данка не покажале…

„Навистина ми е неразбирлива таа ладнокрвност при…

Вучиќ од Париз: Стекнувањето на „рафали“ би…

Започнавме со важни средби за нашата земја,…