Вучиќ планира да седне во премиерска фотелја по изборите во декември
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека планира да се врати на функцијата премиер по предвремените избори, кои ќе се одржат до почетокот на декември, и дека се залага земјите од Западен Балкан да се приклучат кон Европската унија како блок, пренесува Нова.рс.
„Фајненшл тајмс“ потсетува дека Србија е кандидат за членство во ЕУ од 2012 година, но дека процесот на пристапување е во застој веќе 13 години, сè додека Александар Вучиќ е клучен политички арбитер на разни државни позиции.
Весникот додава дека Вучиќ, кого неговите противници го обвинуваат дека е корумпиран автократ, се соочува со најголемиот предизвик во својата политичка кариера од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во 2024 година, кога загинаа 16 лица, што предизвика повеќе од 20 месеци антивладини протести.
За да ги смири критичарите, тој вети дека ќе распише предвремени избори оваа година, а минатиот месец објави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката, позиција која е во голема мера церемонијална, но од која, благодарение на неговото влијание во владејачката партија, ја држеше политичката моќ, пишува „Фајненшл тајмс“.
Вучиќ за медиумот изјави дека има намера да го исполни тоа ветување, пред, по секоја веројатност, да се врати на премиерската функција, која ја напушти пред десет години.
„Најверојатно прво ќе имаме парламентарни избори, а потоа и претседателски избори… Парламентарните избори ќе се одржат до почетокот на декември… Нема простор за други одлуки“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…