Вучиќ: Повеќе никогаш, никаде и никому нема да дозволиме етничко чистење на нашиот народ
Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача дека Србија повеќе „никогаш, никаде и никому“ нема да дозволи етничко чистење на српскиот народ.
Вучиќ истакна дека бегалската колона од времето на хрватска воено-полициска акција „Олуја“ на Србите „никогаш повеќе не смее да им се случи“.
„Ние брутално етничко чистење на нашиот народ или насочено против нашиот народ повеќе никогаш, никаде и никому нема да дозволиме. Таа колона во кој многумина од вас дојдоа во Србија, повеќе никогаш не смее да ни се случи што и да прават некои против нашата земја“, кажа Вучиќ.
Тој им се заблагодари на Србите од Краина за тоа што, како што кажа, бескрајно ја сакаат Србија.
„Од каде и да доаѓате, од Бенковац до Вуковар, од Босанска Краина, вие тука во Србија најпријатно се чувствувате и тоа е сосема нормално. Наше е да видиме што уште можеме да направиме, а вие досега многу направивте за нас, нè направивте попаметни и повнимателни да знаеме што може да му се спрема на нашиот народ и тоа повеќе никогаш да не го дозволиме“, кажа Вучиќ.
Тој им порача и дека „никој не сака“ тие да ги заборават своите огништа.
„Не сте дошле вие во Книн, Обровац, Глина или кое било друго место од некаде, туку таму сте живееле со векови, а некои други ве протераа од таму“, кажа српскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…