Вучиќ: Подготвен сум да работам на имплементација на европскиот план за Косово со јасни ограничувања

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека утре во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но државата е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања.

Тој ова го нагласил на телефонски разговор со специјалниот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кој му рекол дека очекува утрешната средба да биде конструктивна, со забележителен напредок кон договор.

Американскиот дипломат посочил дека САД целосно го поддржуваат предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека договорите потпишани претходно во процесот на дијалогот треба да се спроведат, што вклучува и формирање на Заедница на српски општини.

Вучиќ и Шоле разговарале и за европската иднина на Србија, што ја поддржуваат САД, како и за значајните можности за развој на српско-американската соработка на различни полиња, особено на економската, се наведува во соопштението, пренесе Бета. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…