Вучиќ потврди: Постигнат е договор за неколку точки!
Постигнавме договор и јас сум задоволен од тоа, овие неколку точки кои ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни, значи и за Белград и за Приштина и Европскиот Совет ќе донесе одлука тоа да стане дел од рамката, вели на денешната прес-конференција по завршувањето на средбата во Охрид српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Тоа што е важно е дека Европскиот Совет во овој долг процес кој е долг и сериозен, ништо не се завршува вечерва, ЕС ќе процени кој колку направил од имплементациониот план кој сигурно ќе мора да биде проширен.
Во овој план освен овие важни точки дека ќе бидат дел од преговарачката рамка, за нас од големо значење е што како приоритетна обврска е ставено формирањето на Заедницата на српски општини во склад со претходните договори.
Ја вечерва не сум потпишал ништо, и јас и албанската страна ставивме до знаење кои се нашите црвени лицнии, не беше “Денот Д” но беше океј ден.
Јас утре на Србија ќе ѝ ја претставам секоја точка, од понеделник во парламентот че има консултации и ќе видиме дали да има општ акт во Парламентот, во месеците пред нас сигурно е тешка и сериозна работа. Јас верувам дека приштинската страна ќе почне веднаш со процесот за формирање на Заедницата на српските општини.
Ако сакаме да останеме ние на европскиот пат, ќе биде ценето како ќе напредуваме во исполнувањето на оваа рамка, вели Вучиќ кој им се заблагодари на европските претствници за коректноста.
– Курти бараше во документот да влезе дека нема да се направи ништо во спротивност со Уставот на Србија, но тоа не влезе бидејќи и јас барав ништо да не смее да биде во склад со Уставот на Србија. Тоа е логично, вели Вучиќ кој нагласи дека се што се прави е за да се подобри животот и на граѓаните на Косово и на Србија.
Вучиќ нагласи дека најважно од договорот е што треба да се формира Заедницата на српски општини во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…