Вучиќ потврди: Србија бара од НАТО да ѝмдозволи да распореди војска во Косово
Србија ќе побара од мировните сили на НАТО да ѝ дозволат да распореди српски војници и полицајци на Косово, во согласност со одредбите на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, кажа денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
На прес-конференција во Белград, Вучиќ изјави дека ќе испратат писмо со барањето до командантот на КФОР, иако е сигурен дека барањето ќе биде одбиено.
„Ние денеска го усогласивме текстот со барањето кое во согласност со резолуцијата 1244 ќе го испратиме до командантот на КФОР да обезбеди распоредување на припадници на војската и полицијата на Србија на територијата на Косово. Со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 е потврдено дека на договорен број српски војници и полицајци ќе им биде дозволено да се вратат на Косово за извршување одредени функции. Досега со КФОР не се водени разговори за враќањето на овие припадници“, изјави Вучиќ.
Изјавите на Вучиќ доаѓаат по серија инциденти меѓу косовските власти и Србите кои се мнозинство на северот на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…