Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време
Министерот за здравство Златибор Лончар и д-р Драган Динчиќ одржаа прес-конференција на која ја објаснија состојбата на српскиот претседател Александар Вучиќ, откако беше примен на Военомедицинската академија (ВМА).
– Со години учествувам во следењето на третманот на претседателот на Србија. Во последните 10 години, тој имал слични проблеми во три наврати, поврзани со висок крвен притисок. За време на престојот во Америка, тој почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време. Тој земаше дополнителна терапија која беше доста интензивна. Крвниот притисок на пациентот кој ја примал терапијата во САД бил значително повисок од оној измерен во овој момент. Спротивно на нивниот предлог, претседателот одлучи да се врати во земјата со авион. Тој денес околу 13 часот пристигна во Военомедицинската академија и немаше никакви проблеми, се чувствуваше добро – изјави д-р Драган Динчиќ.
Вучиќ на ВМА го пречекаа министерот за здравство Златибор Лончар и д-р Драган Динчиќ, поранешен лекар на Борис Тадиќ.
На претседателот Вучиќ му се слоши, по што побара лекарска помош и, откако беше прегледан, одлучи да се врати во Србија од САД.
Кабинетот на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…