Објавено на:

Вучиќ по смртта на Папата: Светот загуби извонреден духовен водач кој ширеше љубов, мир и солидарност

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со голема тага ја примил веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

„Со голема тага ја примив веста за смртта на Неговата Светост Папата Франциск. Светот загуби извонреден духовен водач кој преку своето апостолско дело ширеше љубов, мир и солидарност“, рече претседателот Вучиќ во објавата на социјалната мрежа Х.

Како што истакна, работата на папата Франциско за зајакнување на меѓурелигискиот дијалог и неговата посветеност на хуманизмот оставиле неизбришлива трага во историјата.

„Папата Франциск беше гласник на надежта и помирувањето, секогаш во служба на најранливите. Неговата загуба е тага за сите нас. Во име на граѓаните на Република Србија и во мое лично име, изразувам најдлабоко сочувство до Римокатоличката црква, како и до сите верници ширум светот. Нека е вечно прославен“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија додаде дека животот на папата Франциск е посветен на верата, љубовта и служењето на другите и дека тој ќе биде вечна инспирација за сите нас.

Ватикан претходно денеска соопшти дека папата Франциск почина утринава на 88-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…

Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…