Вучиќ по состанокот со енергетскиот тим: Србија ќе спроведе мерки што ќе ги штитат националните интереси

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека се разгледани сите актуелни предизвици и дека се донесени важни заклучоци со цел да се заштитат интересите на Србија и да се обезбеди безбедно и сигурно снабдување за граѓаните и економијата на Србија.

„Продолжуваме да работиме одговорно, сериозно и посветено, со целосно разбирање на сложените околности во кои се наоѓа цела Европа“, нагласи претседателот Вучиќ во објава на социјалните мрежи.

Како што изјави, Србија доследно ќе спроведува мерки што ја штитат нејзината енергетска безбедност и долгорочните национални интереси.

Претседателот Вучиќ денес се сретна со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Ги молам државните органи да си…

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…

Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…

Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…

Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент

Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…

Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…

Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…