Објавено на:

Вучиќ предупредува: Курти подготвува голема дестабилизација на Балканот

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека светот е подготвен да молчи за намерата на Албин Курти да предизвика нестабилност и немири во регионот и дека на Србија е да не паѓа на овие провокации.

Кога станува збор за ултиматумот од Приштина, тој посочува дека не е се во гласањето на 3 април, туку дека има двојна намера: да се понижат Србите, да им се одземат правата, а потоа да се намалат гласовите за него и неговата листа.

„Овој втор дел не е важен, бидејќи нема да има разлики во гласовите, но првиот е загрижувачки бидејќи се подготвени да ја премолчат намерата на Албин Курти да предизвика проблеми во регионот. Најлесно беше да се прифатат барањата на Србите, но што ќе правевме следниот ден“, праша Вучиќ.

Тој вели дека прифатил многу услови, но не и дека Владата на Србија се обраќа до Владата на Косово, бидејќи тоа де факто би значело признавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…