Вучиќ пред собраниската седница за Косово: Ќе победиме заедно и ќе победиме како Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека на собраниската седница на која ќе одговара на сите за преговарачкиот процес со Приштина, но оцени дека многумина на таа седница доаѓаат не за одговори, туку за себепромоција.
„Ќе победиме заедно и ќе победиме како Србија!“, порача Вучиќ на Инстаграм.
Дополнително, Вучиќ објави видео во кое потенцира дека кога владата била информирана за француско-германската иницијатива, „на одговорен и сериозен начин“ им понудил на парламентарните партии да дојдат на консултации за да ги укаже сите факти и како да се обидат заеднички да пристапат кон решавање на проблемот.
Тие рекоа, или барем повеќето од нив, дека не не интересира, сакаме Собрание, сакаме да се претставиме, сакаме политичка победа, нас не не интересира толку Косово“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека негова должност е да го почитува Собранието и нагласи дека ќе дојде на седницата и сам ќе одговори „на сите вас, знаејќи дека не доаѓате за одговори туку за самопромоција“.
„Ни тоа не беше доволно, па ги повикавте партиските симпатизери да помогнат. Не е проблем, ќе се борам и сите ќе победиме како Србија, бидејќи не можете да ја победите Србија“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…