Вучиќ пушти во употреба уште еден автопат

t

Секој изграден километар од автопатот е заедничка победа на државата и народот, ова се големи работи кои го менуваат ликот на нашата земја, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на свеченото отворање на новиот автопат од Рума до Шабац, во должина од 24,6 километри.

„Автопатот ќе значи доаѓање на нови инвестиции за Шабац и верувам дека до крајот на 2024 година можеме да го завршиме брзиот пат до Лозница. Ова ќе привлече инвеститори во Мали Зворник, Крупањ, Љубовија и цело Подриње. Новите патишта ќе им помогнат и на источниот дел на Република Српска и на Босна и Херцеговина“, нагласи Вучиќ.

Пред свеченото отворање на автопатот Рума-Шабац, претседателот Вучиќ заедно со премиерката Ана Брнабиќ и министрите на Владата на Србија, дел од оваа делница ја патуваа со отворен автобус и одговараа на новинарски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…