Вучиќ: Ранетиот полицаец е во добра состојба, штом ќе излезе од болница ќе биде одликуван
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети повредениот припадник на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34), кој откако беше ранет од самострел, беше опериран и е во стабилна состојба.
– Пресреќен што Јевремовиќ Милош се чувствува добро по операцијата. Му честитав на Милош за неговата извонредна храброст, неговата смиреност и успешно завршената задача во борбата со терористот. Србија нема да има милост кон терористите! – напиша Вучиќ на фотографијата со ранетиот полицаец.
„Им честитам на командирите и на сите во полициските сили за исклучителното однесување на Милош Јевремовиќ, ќе му се оддаде почест штом ќе ја напушти болницата. Важно е што нашиот херој Милош е жив и здрав, покажа како треба да се реагира во таков момент“, изјави претседателот на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…
Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…
Почна вакцинацијата на овците и козите против…
Масовната вакцинација на овците и козите против…
Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…
Мајка си го продала бебето во Грција,…
Две жени во Грција се соочуваат со…