Вучиќ рече дека згрешил што ги нарекол членовите на ЕП ѓубре: „Да бидам целосно искрен – мислам многу полошо за нив“
Дел од претставниците на пет српски опозициски партии, кои денес разговараа со членовите на Европскиот парламент во Стразбур за актуелната политичка ситуација во Србија, побараа воведување санкции против претседателот Александар Вучиќ и други високи државни функционери. – пишува Н1
Вучиќ, на гостувањето во Прва телевизија, рече дека опозицијата отишла предалеку и дека нивното барање за воведување санкции против оние на власт всушност е насочено против државата и народот.
Според него, на претставниците на опозицијата им недостасува план, програма и идеи. Вучиќ вели дека веројатно погрешил што ги нарекол европратениците на Европската зелена партија ѓубре откако присуствувале на студентски протест во Нови Сад, но потоа рекол дека мисли многу полошо за нив.
„Велат дека ги навредив затоа што реков дека се ѓубре. Да бидам целосно искрен – мислам многу полошо за нив. Но, дали грешев што ги нареков така, веројатно грешев – претседателот на државата не треба да го користи тој збор во јавниот дискурс“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…