Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика итен состанок на Советот за национална безбедност, пренесува РТС. Претходно беше најавено дека пред 23 часот тој повторно ќе се обрати до нацијата.

Вучиќ, претходно вечерва изјави дека е важно да се зачува мирот и повика на воздржаност. „Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднината на нашите деца.

Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на моето работно место и подготвен да ја заштитам стабилноста на земјата, повикувам на воздржаност, но и недвосмислено да ја зачуваме државата.

Наша Србија. Единствена“, напиша претседателот Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Попладнево, пак, одржа прес конференција на која оцени дека никаква револуција не се одвива и дека протестираат само околу 2. 000 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најопасните земји за посета во…

Јужен Судан, Либија и Авганистан се најопасните…

Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови…

Нови 27 случаи на голема кашлица се…

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските…

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат…