Вучиќ се пишмани: Одам во Тирана, ќе се борам за интересите на нашиот народ!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Никинац, каде се одржа голема вежба на Војската на Србија кажа дека сепак ќе присуствува на самитот на ЕУ за Западен Балкан во Тирана.
„Разговарав со сите мои колеги и со претседателите и премиерите на неколку земји. Немам проблем, не е во прашање мојата суета, понекогаш те обземаат емоции, бидејќи кога некој ти создава кризи со месеци, морам и јас да се борам за опстанок на нашиот народ. Сè што кажав во петокот, го кажав искрено. Што се однесува до патувањето во Тирана, не сум сигурен, но сигурно ќе има некои придобивки од моето заминување, но доколку не одам, тоа би било голема загуба за нашата земја. Знам дека 20 од нив ќе зборуваат неадекватно за Косово и санкциите против Русија. Ќе одам таму и ќе се борам за интересите на нашиот народ“, изјави Вучиќ на новинарите на прашањето дали ќе отпатува за Тирана на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува на 6 декември.
Главна тема во Тирана ќе бидат санкциите против Русија, да не беа санкциите ќе беше Косово, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…
ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…
Македонија и во најновиот извештај на Европската…
Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…
Европската комисија претстави нови насоки со кои…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…