Вучиќ се сретна со американскиот амбасадор во Србија: Остануваме посветени на мирот и стабилноста
Имавме отворен и конкретен разговор, изјави Александар Вучиќ, претседателот на Србија, по средбата со амбасадорот на САД, Кристофер Хил.
Како што напиша претседателот на својот Инстаграм профил, со американскиот амбасадор разговарал за безбедносната ситуација на Косово и Метохија, како и за можностите и предлозите на ЕУ за продолжување на дијалогот за нормализација на односите со Приштина, пишува Танјуг.
„Ја укажав важноста на вклученоста на САД во спречување на понатамошни ескалации предизвикани од речиси секојдневните еднострани и незаконски потези на привремените институции во Приштина и ја повторив неопходноста од формирање на Заедницата на српските општини“, напиша Вучиќ со фотографија од објавен состанок.
Вучиќ додаде дека Србија останува посветена на одржување на мирот и стабилноста, но и јасна во одбраната на својот народ и националните интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…
Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…