Вучиќ: Сите вишоци на храна и енергија ќе ги делиме со Македонија и Албанија
Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и македонскиот премиер Димитар Ковачевски на самитот на иницијативата Отворен Балкан во Белград, договорија формирање на заедничко тело кое ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна во трите земји.
Сè наше ќе им биде достапно на Македонија и Албанија и обратно, кажа Вучиќ на прес-конференција.
Србија речиси целиот свој гас го увезува од Русија, а околу 70 отсто од своите потреби за електрична енергија произведува во стари термоцентрали.
Македонија исто така е зависна од фосилни горива, во помал обем и од хидроенергија, а земјава не произведува доволно струја за своите потреби, па мора да извезува. Албанија поголемиот дел од електричната енергија го произведува во хидроцентрали.
Албанскиот премиер Рама кажа дека трите земји ќе бараат од Европската Унија помош да ја издржат зимата.
Најдоброто сценарио за Албанија би било половина милијарда евра (во дополнителна потрошувачка) за континуирано снабдување со електрична енергија. Ја повикувам ЕУ да не го повтори срамното однесување од пандемијата кога земјите од Западниот Балкан мораа да се свртат кон Кина, Русија и Турција, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…